Како работи Kados Portal
Чекор по чекор — од регистрација до првата нарачка и сите останати можности. Изберете јазик погоре и следете го редоследот.
Портокаловата рамка на сликите покажува каде да кликнеш.
1. Регистрација и најава
Секој корисник започнува со профил. Постојат две улоги: Нарачател (купува стока) и Добавувач (продава стока).
- 1
Направи профил
На почетната страница кликни Регистрирај се. Избери дали си Нарачател (кафана, продавница, аптека, ресторан — нарачуваш стока) или Добавувач (продаваш стока). Пополни име на бизнисот, град, телефон, е-пошта и лозинка (најмалку 8 карактери), па кликни Регистрирај се →.
Совет: ЕДБ е опционален — ако не го знаеш сега, додај го подоцна во профилот.
kados.store/registerРегистрацијаНаправи профилТип корисникНарачателНарачувам стокаДобавувачПродавам стокаИме на бизнисотКафе „Центар“ГрадШтипТелефон070 123 456Е-поштаkafe@primer.mkРегистрирај се →Лозинка•••••••• - 2
Потврди ја е-поштата
Ќе добиеш порака на е-поштата што ја внесе. Отвори ја и кликни на линкот за потврда. Дури потоа можеш да се најавиш.
Совет: Ако не стигне, провери ја папката Spam. На екранот за најава има и копче Испрати нов линк за потврда.
mailПрофилот е креиран. Провери го е-маилот за потврда, па најави се.Kados Portal — потврда на е-поштаПотврди е-пошта - 3
Најави се
Внеси е-пошта и лозинка, па кликни Најави се →. Ако си ја заборавил лозинката, кликни Заборавена лозинка? — ќе ти стигне линк за нова.
kados.store/loginНајаваДобредојде назадЕ-поштаkafe@primer.mkЛозинка••••••••Најави се →Заборавена лозинка?Немаш профил? Регистрирај се - 4
Код за потврда (ако имаш вклучено 2FA)
Ако си вклучил двофакторска автентикација во профилот, по лозинката те бара и 6-цифрен код од апликацијата за автентикација (на пр. Google Authenticator). Внеси го и потврди.
kados.store/loginВнеси код за потврдаОтвори ја апликацијата за автентикација (пр. Google Authenticator) и внеси го 6-цифрениот код.
Потврди →Код за потврда482 913 - 5
Запознај ја навигацијата
Горе се главните страници за твојата улога. Десно: ѕвонче за известувања, избор на јазик, Разговори, Пораки и Профил. Бројот на црвено покажува непрочитано. Нарачателите имаат и кошничка.
kados.storeКKados PortalB2B набавки за твојот бизнисЈазик2ДобавувачиОгласиПромоцииМои нарачкиОвозможи известувања · Јазик · Разговори · Пораки · Профил
2. Како нарачувам (Нарачател)
Од избор на добавувач до примена стока — сè на едно место.
- 6
Најди добавувач
Во Добавувачи ги гледаш сите активни добавувачи. Филтрирај по категорија и град, погледни ја оценката и кликни Отвори каталог.
kados.storeДобавувачиОгласиПромоцииМои нарачкиНарачател · ПрегледДобавувачиСитеСите градови …Дистрибуција ВардарШтип24 производиОтвори каталогКафе Плус ДООЕЛСкопје12 производиОтвори каталогСвеж МаркетШтип31 производиОтвори каталог - 7
Избери производ и пакување
Секој производ можеш да го нарачаш по парче, а ако добавувачот има пакување — и по пакет, кутија или палета. Цената се прилагодува на изборот. Ако добавувачот води залиха, гледаш „На залиха“, „Уште 2“ или „Нема на залиха“ и не можеш да нарачаш повеќе од расположливото. Кликни Додади.
kados.store← Сите добавувачиДистрибуција Вардар · Каталог на производиМлеко за кафе UHTНа залиха: 240 ком.Пакувањеком.пакет (12 ком.)палета (600 ком.)1.800 ден. ДодадиКафе еспресо 1кгУште 2 ком.890 ден.Додади - 8
Кошничка и испраќање
Штом додадеш производ, долу на екранот се појавува лента со бројот на ставки и вкупната сума — кликни Заврши нарачка → и веднаш си во кошничката, без скролање. Во кошничката провери ги количините (− / +), додади напомена (на пр. време на достава) и по потреба чекирај фактура. Ако имаш производи од повеќе добавувачи, автоматски се создаваат посебни нарачки. Плаќањето е на рака при достава. Кликни Испрати нарачка → (на телефон тоа копче е фиксно долу на екранот, заедно со вкупната сума).
kados.storeНарачател · КошничкаТвојата нарачкаОд: Дистрибуција ВардарМлеко за кафе UHTпалета (600 ком.)−3+5.400Кафе еспресо 1кгком.−2+1.780Напомена за Дистрибуција Вардар (опционално)Достава пред 10чСакам електронска фактура со дигитален потпис за оваа нарачкаВкупно: 7.180 ден.Испрати нарачка →Плаќање на рака при достава - 9
Следи ја нарачката
Во Мои нарачки го гледаш статусот: Во обработка → Потврдено → Испорачано. На телефонот добиваш известување штом добавувачот ќе ја потврди или испорача.
kados.storeДобавувачиОгласиПромоцииМои нарачкиНарачател · ИсторијаТвои нарачкиДистрибуција Вардар7.180 ден.Млеко за кафе UHT · палета (600 ком.) × 3Во обработкаПотврденоИспорачано✓ Потврди дека нарачката пристигнаНарачката пристигнаНарачај повторноВиди документ →Оцени ја оваа нарачка: Испрати оценка - 10
Прием, оценка и повторна нарачка
Кога стоката ќе пристигне, кликни Нарачката пристигна. Потоа остави оценка со ѕвездички и коментар. Со Нарачај повторно истата нарачка (со истите пакувања) се враќа во кошничката за еден клик.
- 11
Документ за нарачката
Со Види документ → го отвораш документот за нарачката, а со Печати / Зачувај PDF го печатиш или зачувуваш. Ако при нарачка си побарал фактура, по испораката се создава PDF документ.
kados.storeДокумент за нарачка✓ ПрименоДобавувачДистрибуција ВардарКупувачКафе „Центар“ПроизводКол.Ед. ценаМлеко за кафе UHT · палета (600 ком.)31.800Вкупна сума5.400 ден.Печати / Зачувај PDF
3. Како продавам (Добавувач)
Постави каталог, прими нарачки и комуницирај со купувачите.
- 12
Одобрување на профилот
По регистрација, администратор го прегледува профилот на добавувач. Додека е На чекање гледаш банер; штом биде одобрен, нарачателите те гледаат во листата со добавувачи.
kados.storeПримени нарачкиМои производиНарачателиОгласиПромоцииТвојот профил на добавувач е во преглед од администратор. Можеш да го подготвиш профилот и производите, но нема да бидеш видлив за нарачателите додека не биде одобрен.На чекање→Одобрен - 13
Мои производи
Во Мои производи гледаш список со цена, залиха и достапност. Додај еден по еден со Нов производ или цел каталог одеднаш со Увези од CSV.
kados.storeПримени нарачкиМои производиНарачателиОгласиПромоцииДобавувач · ПанелТвои производиУвези од CSV+ Нов производПроизводЦенаЗалихаДостапенМлеко за кафе UHT1.800240даКафе еспресо 1кг890не се следидаСок од јаболко 0.2л3512не - 14
Додај производ, пакувања и залиха
Внеси име, цена, мерна единица, категорија и слика. Во Залиха впиши колку парчиња имаш (празно = не се следи). Во Пакувања додај пакет, кутија или палета со број на парчиња — цената е автоматска (парче × број) или внеси своја. Залихата се намалува сама при секоја нарачка.
Совет: Кога ќе остане малку, купувачот гледа „Уште 2 …“, а на нула — „Нема на залиха“.
kados.storeНов производИмеМлеко за кафе UHTЦена (ден.)1.800Мерна единицаком.Залиха (опционално)1200Пакувања (опционално)Име (пакет, кутија, палета…)пакетПарчиња во пакувањето12Цена (ден.)автоматски: 21.600палета600…+ Додади пакувањеЗачувајОткажи - 15
Увоз од CSV
Преземи го примерот, пополни го во Excel, прикачи го CSV фајлот (и по желба слики), прегледај ја проверката и кликни Внеси … производи.
kados.storeУвоз на производиЧекор 1 — подготви CSV фајлПреземи пример (CSV)Чекор 2 — прикачи CSV и (по избор) сликиCSV фајл со производиproizvodi.csvЧекор 3 — преглед (48 валидни)Внеси 48 производи - 16
Примени нарачки
Нова нарачка стигнува со известување. Кликни Потврди нарачка, а по достава Означи како испорачано — купувачот добива известување. Кога тој ќе го потврди приемот, ќе видиш ✓ Купувачот потврди прием.
kados.storeПримени нарачкиМои производиНарачателиОгласиПромоцииДобавувач · ПанелПримени нарачкиКафе „Центар“7.180 ден.Млеко за кафе UHT · палета × 3Во обработкаПотврденоИспорачаноОзначи како испорачано✓ Купувачот потврди приемРесторан Липа2.340 ден.Млеко за кафе UHT · палета × 1Во обработкаПотврденоИспорачаноПотврди нарачка - 17
Нарачатели
Во Нарачатели ги гледаш сите купувачи на порталот. Пребарај по име или град и започни разговор со Разговарај.
kados.storeПримени нарачкиМои производиНарачателиОгласиПромоцииДобавувач · ПрегледНарачателиПребарај по име…Сите градовиРазговарајКафе „Центар“Штип · 070 123 450РазговарајРесторан ЛипаСкопје · 070 123 451 - 18
Промоции
Во Промоции создај понуда (наслов, попуст, рок) и испрати ја до сите нарачатели или само до избрани. Тие добиваат известување. Можеш подоцна да ја деактивираш.
kados.storeМаркетингНова промоцијаНаслов-15% на кафеПопуст / услов (опционално)-15% или 2+1 гратисИспрати промоцијаКому да се испратиСите нарачателиОдделни нарачатели
4. Заеднички можности
Достапни и за нарачатели и за добавувачи.
- 19
Огласи
Во Огласи секој може да објави текст и слика (на пр. свежа стока, барање), а другите коментираат јавно. Новите огласи и коментари стигнуваат како известување.
kados.storeТаблаОгласиНа пример: Ми треба Coca-Cola Light, некој со поволна цена нека се јави…Додади сликаОбјавиДистрибуција ВардарИмаме нов лаг од свежо овошје — јавете се за цена.
Кафе „Центар“: Колку чини за 20 кг?Напиши коментар…Испрати - 20
Разговори
Директна порака со кој било корисник — со можност да прикачиш фајл. Започни од Разговарај на листата, или кликни Контактирај поддршка за помош.
kados.storeДобавувачКомуникацијаДистрибуција ВардарДобар ден, дали може достава утре наутро?Да, ќе ја испорачаме до 10 часот.Напиши порака…Испрати - 21
Пораки од администраторот
Во Пораки стигнуваат важни известувања од администраторот. Бројот на иконата покажува колку не си прочитал.
- 22
Известувања и апликација на телефон
Кликни на ѕвончето (Овозможи известувања) и дозволи во прелистувачот — ќе добиваш известување за нарачки, разговори, промоции и огласи. Порталот можеш да го инсталираш како апликација: на Android кликни Преземи/Инсталирај, на iPhone допри Сподели, па „Додади на почетен екран“. Бројот на иконата на апликацијата покажува нови активности.
Совет: На Android, значката на иконата работи само ако известувањата не се целосно исклучени. Со клик на ѕвончето можеш да ги исклучиш.
К3Kados PortalKados PortalНова нарачкаКафе „Центар“ — 7.180 ден.Kados PortalНарачката е потврденаДистрибуција ВардарИзвестувањата се вклучени - 23
Инсталирај го порталот како апликација
Ако ти се појави лента за инсталирање, кликни Инсталирај. Ако не се појави, направи го рачно: Android (Chrome): допри го менито ⋮ горе десно, па Инсталирај апликација (или Додади на почетен екран). iPhone (Safari): допри го копчето за споделување (квадрат со стрелка), па Додади на почетен екран. Компјутер (Chrome или Edge): во адресната лента десно има иконата за инсталирање, или менито ⋮ → Инсталирај Kados Portal. После тоа иконата е на почетниот екран, како секоја друга апликација.
Совет: На iPhone инсталацијата работи само од Safari, не од Chrome. Инсталираната апликација е потребна и за известувања на iPhone.
Android · Chromekados.store⋮Нов табИсторијаИнсталирај апликацијаПоставкиiPhone · Safarikados.storeКопирајДодади на почетен екранПечатиКомпјутер · Chrome / Edgekados.storeKados PortalИнсталирај - 24
Профил, 2FA и двојна улога
Во Профил ги менуваш податоците, адресата и логото, по желба внесуваш Локација на Google Maps (линк или координати — за копчето „Упатства“ да води точно до тебе), ја вклучуваш 2FA за поголема безбедност и можеш да овозможиш двојна улога — да си и нарачател и добавувач, со префрлање од менито.
kados.storeПоставкиМојот профилИмеКафе „Центар“ГрадШтипТелефон070 123 456ЕДБ4030012345678Адресаул. Гоце Делчев 12Вклучи 2FAДвофакторска автентикација (2FA)ИсклученоЗачувајДвојна улогаОвозможи двојна улога
5. Рекламирај се
Сакаш повеќе корисници да го видат твојот бизнис? Можеш сам да испратиш реклама — администраторот ја одобрува откако ќе се договорите за плаќањето.
- 25
Испрати реклама
Од Профил кликни Рекламирај се, па + Нова реклама. Внеси наслов и кус опис, додади слика, избери каде да се прикажува (може на повеќе места одеднаш) и колку долго (7, 14 или 30 дена), па кликни Испрати. Линкот е опционален — ако немаш веб-страница, остави го празен.
Совет: Добавувачите без линк: кликот на рекламата води кон нивниот профил на порталот. Нарачателите без линк: кликот отвора разговор со нив.
kados.store/reklamiРекламаРекламирај сеНаслов-15% на кафе до крајот на месецотКаде да се прикажува (може повеќе)БанерОбјава во ОгласиКолку долго14 денаЌе ти се јавиме за цената и начинот на плаќање.
Испрати - 26
Одобрување и плаќање
Рекламата не се прикажува веднаш. Ќе се јавиме за цената и начинот на плаќање. Кога ќе уплатиш, администраторот ја одобрува и таа е активна од тој ден за избраниот број денови. Ќе добиеш известување. Додека чека, можеш да ја повлечеш со Повлечи.
- 27
Каде се гледа рекламата
Добавувачите ги рекламираат на нарачателите како банер над листата или спонзорирана картичка меѓу добавувачите. Во Огласи на компјутер реклами има во десната лента (до три, се менуваат на неколку секунди), а на телефон — една реклама со стрелки за следна. Мала реклама има и на најавната страна, под упатството, па ја гледаат и посетители што уште не се најавени. Секоја е означена со РЕКЛАМА.
kados.storeРЕКЛАМА-15% на кафеСамо овој месецДознај повеќеТаблаОгласиРЕКЛАМА-15% на кафеРЕКЛАМА-15% на кафе - 28
Следи ги резултатите
Во Рекламирај се за секоја активна реклама гледаш колку пати е прикажана, колку клика има и процент на кликање.
Често поставувани прашања
Не ми стигна е-поштата за потврда.
Провери ја папката Spam. Потоа на екранот за најава кликни „Испрати нов линк за потврда“.
Мапата ме води на погрешно место.
Во Профил внеси ја точната „Локација на Google Maps“: во Google Maps отвори го местото, кликни Сподели → Копирај линк и залепи го во полето (или внеси координати, на пр. 41.737, 22.197). Копчето „Упатства“ потоа води точно таму.
Ја заборавив лозинката.
На екранот за најава кликни „Заборавена лозинка?“, внеси ја е-поштата и следи го линкот што ќе ти стигне.
Како да го инсталирам порталот како апликација?
Android (Chrome): мени ⋮ → Инсталирај апликација. iPhone (Safari): Сподели → Додади на почетен екран. Компјутер (Chrome/Edge): иконата за инсталирање во адресната лента или ⋮ → Инсталирај Kados Portal.
Не добивам известувања.
Кликни на ѕвончето и дозволи известувања во прелистувачот. На iPhone најпрво инсталирај ја апликацијата („Додади на почетен екран“).
Како да ја променам или откажам нарачката?
Нарачката ја обработува добавувачот — јави му се преку „Разговори“ со што побрзо.
Мојот профил како добавувач е „На чекање“.
Администратор мора да го одобри. Додека чекаш, можеш да го пополниш профилот и да ги подготвиш производите.
Може ли да сум и нарачател и добавувач?
Да. Во Профил овозможи „двојна улога“ и менувај го приказот од менито горе.
Како да се рекламирам на порталот?
Профил → Рекламирај се → Нова реклама. Изберете каде и колку долго, па испратете. Ќе ви се јавиме за цената; по уплатата рекламата се активира.
Не најдовте одговор? Во порталот, во „Разговори“, кликнете „Контактирај поддршка“.
Отвори го порталот